Британците ги тужат сите дипломати заради неплаќање „заштитна такса“

ОБЈАВЕНО НА:

Долгот на амбасадите изнесува над 100 милиони фунти, а меѓу најголемите должници се мисиите на најбогатите земји - САД, Јапонија и Германија, како и на Русија, Индија и Нигерија.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ќе поднесе тужби пред меѓународните судови против државите кои имаат свои дипломатски мисии во Лондон, а не сакаат да плаќаат „заштитна такса“’ за возење на нивните дипломати низ центарот на британскиот главен град, објави „Тајмс“.

Властите во Лондон сметаат дека странсите дипломати мора да ја плаќаат оваа такса, исто како и жителите на Лондон и гостите во градот, кога со своето возило минуваат низ строгиот центар на градот.

Ваквата такса, позната како „конџешчн чарџ“, беше воведена пред петнаесетина години со одлука на градските власти на Лондон, како мерка со која треба да се спречи задушувањето на центарот на градот од многу возила и од блокирање на сообраќајот, како и за негова заштита од преголема загаденост.

Таксата која чини десет фунти дневно задолжителното се плаќа во периодот од осум до 18 часот.

Ваквата мерката уште на стартот беше оценета како контроверзна, но под притисок на екологистите оваа посебна такса не беше укината, иако критичарите твдат дека таа не придонела за намалување на приливот на возила во центарот на Лондон, но затоа обезбедува дополнителен и висок приход за градската каса.

Странските дипломатски мисии и дипломатите од самиот почеток се противат на тоа да ја плаќаат „заштитната такса„ сметајќи дека таа е во спротивност со Виенската конвенција за работењето на диломатските мисии.

Двајца поранешни градоначанци на Лондон, лабуристот Кен Ливингстон и конзервативецот Борис Џонсон, актуелниот шеф на британската дипломатија, меѓутоа тврдат дека „еколошката такса“ не е дел од Конвенцијата која се однесува на неплакање даноци кон британската држава, туку е само такса за градот, од која никој не би требало да биде ослободен.

Според „Тајмс“, дури три четвртини од државите кои имаат свои мисии во Лондон одбиваат да го плаќаат овој, како што го нарекуваат, екстра данок.