Од утре полицијата казнува ако го немате ова во возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Од утре, 15-ти ноември на сила стапува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2020 година.
Ако немате зимска опрема, а ве сопре полиција може да заработите казна од 45 евра, или 25 негативни поени. А можете да бидете исклучени од сообраќај.

Поседувањето зимска опрема особено е важна за на патиштата надвор од населените места. Под зимска опрема за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, минимум од четири милиметри (4 мм) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4х4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 мм). Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 мм) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.