Subaru влегува во тренд – ќе произведува само електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Официјално е потврден планот за иднината на Subaru. Јапонскиот производител се приклучува на глобалниот тренд и од 2030 година ќе произведува само електрични автомобили.

“Иако ја користиме Тојотината технологија, овие хибриди ќе бидат исклучиво модели на Subaru. Не се рабои само за снижување на емисијата на јаголерод диоксид, туку сакаме да ја унапредиме и безбедноста и перформансите на сите наши модели” изјави Тецуо Онуки шеф на одделот за развој на технологија при Subaru.

Во производството и развојот на овие автомобили помага и јапонскиот гигант Toyota, производител кој поседува 20% од сопственоста на Subaru.

Инаку во моментов, Subaru веќе понуди неколку електрични автомобили. Станува збор за хибридните изведби на Crosstek кој е достапен во САД како и Forester e-Boxer кој е дел од глобалната понуда на јапонскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK