Двоен триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Еден круг го делеа Марко Блажевски од триумф во генерален пласман на Twingo Cup трката во Австрија, и поради гужва на патеката со возилата пто заостануваат тој ја загуби лидерската предност и на целта стигна како тертопласиран во конкуренција на 31 автомобил. Во првенството на Македонија за Блажевски ова беше втор триумф викендов, откако триумфираше и на првата трка утринава. Со новите 20 бода, тој е нов лидер во првенството на Македонија.

Блажевски беше многу блислку до својата втора победа во Twingo Cup во генерален пасман, и во голем дел од трката во оние 25 минути колку што се вози беше на лидерската позиција, или пак во Топ-3. На подиумот во првенството на Македонија се искачија и Владимир Тренески кој беше второпласиран, и Ангелче Стојковски го освои третото место.

За Стојковски ова е прво искачување на подиумот сезонава, а лани двапати се искачуваше на трките меѓшу тројцата најдобри.

Блажевски ја почна трката од петтата позиција на која и ја заврши првата трка. Уште во првите два круга успеа да скокне неколку места и да стигне до второто место. Потоа беше постојано во Топ-3 и се бореше за победата. Во последните кругови почнаа да се престигнуваат и оние возачи кои застануваа за цел круг, а во една таква ситуација Блажевски немаше простор брзо да го мине возачот пред себе, и тоа го искористи Ник Стефанчиќ кој веднаш избор на лидерското место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Пех на трката имаше Давид Малинковски, победникот на втората трка во Унгарија. Тој беше второпласиран на првата трка утринава, но сега имаше проблеми со автомобилот и на крајот мораше да се откаже.

Следната трка треба да се вози на 23 и 24 јули на патеката Гробник во Хрватска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK