Skoda го обновува производството

ОБЈАВЕНО НА:

По две недели принуден одмор, компанијата започна со работа на повеќето производни линии во Чешка.

Skoda најави продолжување на монтажата на автомобили во фабриките во Чешка. Според агенцијата Ројтерс, производството започнало за време на ноќната смена на 31 октомври, во 22 часот. Пред тоа, фирмите на компанијата во земјава, со исклучок на еден транспортер во Квасини, две недели беа во мирување.

Причината за застојот беше недостатокот со електронски компоненти, поради што во Чешка во 2021 година ќе бидат произведени 250.000 возила помалку од планираното. Тоа ќе донесе девет милијарди евра помалку во чешката економија.

Претходно беше објавено дека Skoda би можела значително да го намали или дури да го запре производството во чешките погони од 18 октомври до крајот на годината. Во магацините на компанијата се акумулирани над 50.000 возила со недоволно електронски компоненти, кои чекаат испорака на микрочипови. Воедно, менаџментот уверуваше дека нема да има технолошки вишок, а работниците ќе бидат обештетени за застојот.

Автомобилскиот сектор претставува четвртина од индустриското производство во Чешка, а во локалните автомобилски фабрики на Skoda работат 180.000 лица. Проблемите со испораката на електронските делови значително го намалија производството на автомобили воопшто.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK