Seat Mii Electric се посрамоти на тестот „Еленски скок“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот адут на Шпанија се доближи до групацијата на автомобили на кои сега веќе легендарниот тест „Еленски скок“ е несовладлива пречка.

При брзина од 70 км/ч, Seat Mii Electric е на граница на маневривање со брзина од 73 км/ч веќе не успева да го положи тестот, додека при брзина од 79 км/ч потполно е неконтролиран.

Seat Mii Electric практично е ребрендиран Volkswagen e-Up!. Под поклопецот тој носи електричен мотор со моќност од 61 Kw (82 коњски сили) и максимален вртежен момент од 212 Nm. Благодарение на акумулаторот со капацитет од 36,8 kWh Seat Mii Electric нуди опсег од 260 километри.

Во видеото можевте да видите каков дебакл беше доживеан на тестот во практика, кој беше објавен од страна на реномираната новинска куќа KM77.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK