VW најави – Доста е! Продолжуваме со производство

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот е причината зошто минатиот месец Volkswagen изгуби неколку милијарди евра. Но, Volkswagen е решителен да го започне повторно производството во своите фабрики.

Како што наведуваат од компанијата, веќе од следната недела со работа започнуваат фабриките во Германија и Словачка каде се произведуваат бројни модели од брендовите кои се дел од Volkswagen Групацијата.

Од 27 април производството ќе се врати и во фабриките на Групацијата во САД, Португалија, Шпанија и Русија, додека во текот на мај ќе се започне со производство и во Јужна Африка, Аргентина, Бразил и Мексико.

Ралф Брандштетер, директор на VW потсети дека во фабриките во Кина производството непречено се одвива, а компанијата ги испочитувала сите прописи во однос на безбедноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK