Поголемата побарувачка за поскапи модели му донесе рекорден профит на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Во вториот квартал од оваа година, јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai оствари оперативен профит од 4.200 милијарди вони (околу три милијарди евра), што е за 42 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година и највисока досега.

Главната причина за успехот е поголемата побарувачка за поскапи модели. Mенаџментот на компанијата ја подобри прогнозата за овогодинешниот бизнис.

Се очекува приходите да пораснат за 14 до 15 отсто во однос на минатата година, а претходно предвидуваа раст од 10,5 до 11,5 отсто, пренесе француската новинска агенција АФП.

Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите, кои исто така ги истакнаа придобивките од поволните ефекти на девизниот курс за Hyundai.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK