Овој град прв забранува возење дизел возила во Британија

ОБЈАВЕНО НА:

После неколку градови низ Европа, Бристол ќе биде првиот град во Велика Британија кој ќе воведе забрана за дизел автомобилите да влегуваат во центарот на градот. Целта на локалната власт е да го зголеми квалитетот на воздухот.

Градскиот совет го одобри планот според кој движењето на дизел автомобилите да биде забрането во централниот дел на градот меѓу 7 и 15 часот. Шемата, која треба да биде одобрена и од Владата ќе почне да се користи во 2021 година. Се планира и поширока „зона за чист воздух“, во кој автомобилите ќе може да се движат, но камиони, комби, автобуси и такси возила ќе теба да плаќаат такси. Такси возилата и микробусите ќе плаќаат дневна такса во изност од 10,41 евро, додека камипните ќе плаќаат по 116,19 евра за да влезат во зоната.

Градскиот совет го одобри планот за забрана на движењето на дизел автомобилите во централните зони на градот, но конкретни детали како размер на казните и категории автомобили за кои ќе може да биде направен исклучок, сè уште не се утврдени.

Слични забрани веќе се факт во голем дел на градвои низ Европа, а целта е да се подобри квалитетот и чистотата на воздухот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK