Tesla тврди дека има батерии кои не треба да се заменат – по 322.000 км губат само 10 отсто од капацитетот

ОБЈАВЕНО НА:

Брзото полнење или честото полнење до 100% капацитет не се препорачува од ниту еден производител на автомобили

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла во најновиот извештај наведува дека сопствениците на поголемите модели нема да мораат да ги менуваат батериите во текот на целиот животен век на автомобилот. Истовремено со должината на користење на батеријата, нема да има многу големо намалување на капацитетот, туку само минимално.

Во неодамна објавената студија Извештај за влијанието за 2022 година, Tesla ја објавува состојбата на својата технологија и инфраструктура и нагласува колку напредок постигнале производите и фабриките на компанијата.
На една од фотографиите има и интересна статистика, која се однесува на моделите S и X.

Претходно, Tesla истакна дека батериите во автомобилите на Тесла, за време на нивниот животен циклус од 200.000 милји (322.000 километри), ќе изгубат само 10 отсто од својот капацитет.

Последните податоци покажуваат дека е 12%, што сепак е одличен резултат. Податоците покажуваат дека батериите (ли-јонски батерии од марката Panasonic) губат 1% на секои 26.816 километри, односно по 67 теоретски циклуси на полнење.

Од Tesla истакнуваат дека, освен километражата, на намалувањето на капацитетот на батеријата влијае и староста на батеријата, како и начинот на полнење. Брзото полнење или честото полнење до 100% капацитет не се препорачува од ниту еден производител на автомобили.

Тесла наведува дека очекуваниот животен век на автомобил е 322.000 километри во САД или 240.000 километри во Европа. Тоа значи дека батериите во автомобилите на Tesla треба да траат колку што трае животот на автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK