Освежениот Kodiaq доѓа уште овој месец

ОБЈАВЕНО НА:

Чешкиот производител Skoda и официјално потврди дека премиерата на освежениот Skoda Kodiaq ќе се одржи на 13 април односно 5 години по воведувањето во понудата.

Kodiaq беше претставен премиерно на саемот во Женева во 2016 година, а истата година беше достапен и во понудата на Skoda. Овој модел цели пет години успешно се произведува и продава во Чешка, Кина, Индија, Русија и Украина. Успешно се продава во 70 земји ширум светот, а досега се продадени над 600.000 примероци.

Очекувано, димензионално, подновениот Kodiaq останува идентичен и со должина од 4.697 мм и 2.791 мм меѓуоскино растојание. Подновениот Kodiaq доаѓа со визуелно и техничко унапредување, нови предни и задни LED светла, а во понудата ќе биде достапен со нов оков на седиштата, нови алуминиумски фелни како и неколку нови бои на каросеријата, во зависност од пазарот.

Škoda Kodiaq

Во Германија подновениот Kodiaq во продажба влегува уште овој месец, а засега останува непозната почетната цена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK