Западна Европа во јуни 2020: Само Франција со раст во продажбите на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци од агенцијата LMC Automotive покажуваат дека продажбите на новите автомобили во Западна Европа имаат пад од 24,8 проценти до ниво од 1.022.196 единици во последниот месец на првата половина од 2020 година.

Според статистиката најсериозен пад во јуни во Западна Европа е забележан во Грција, каде продажбата падна за 67,3% до 4.492 примероци (13.724 во јуни 2019).

Сериозен пад е отчитан исто така и во Португалија (-56.2%, до 11.076 единици), Холандија (-39.2% до 24.926), Шпанија (-36.7% до 82.65) и други.

Единствениот пазар на Западна Европа, кој одбележува пораст во јуни 2020 е Франција, +1.2% до 233.820 единици.

Податоците на LMC Automotive покажуваат дека продажбите на новите автомобили во Западна Европа во првата половина на 2020 година достигнаа ниво од 4.585.025 единици, што претставува смалување од 40.2% во споредба со првите шест месеци од 2019 година.

Најмал пад во продаѓбите отчитува Финска од 21,4%, а најголемиот е кај Грција од 52,4%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK