Opel ја тестираше новата Corsa во Шведска (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Opel уште изминатата година објави дека работи на новата генерација на Corsa, а по тизерот кој го објави во февруари годинава сега објави и видео од тестирањето.

Како што е наведено на официјалниот YouTube канал, овој модел во моментов се тестирапе во шведски Лапланд, на екстремно ниски температури од -30 степени при што инжинерите се презадоволни од покажаните резултати.

Новата Corsa се базира на т.н. CMP (Common Modular Platform) платформа која е развиена од страна на PSA групацијата и се користи кај Peugeot 208. Се очекува овој модел да биде со радикални измени пред се поради фактот што овој автомобил ќе биде првиот на германскиот прозиводител во целост развиен од страна на инжинерите на PSA Групацијата.

Новитет е и електричната изведба која е планирано да се појави во 2020 година, година по очекуваното официјално претставување на шестата генерација. Инаку првата генерација на Opel Corsa со додавка A се појави во далечната 1982 година и од тогаш па се до денес во континуитет се претставени пет генерации.

Новата Corsa ќе се произведува во опеловата фабрика во шпанскиот град Сарагоса. Во овој град бил произведен и првиот модел во далечната 1982 година. Ова значи дека производството во германската фабрика во Ајзенах нема да продолжи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK