Останува бестселер: И по 22 години Peugeot 206 се уште се произведува

ОБЈАВЕНО НА:

Некои автомобили се вечни. Низ историјата имало бројни примери за тоа како модел со ист дизајн на пазарот се задржува 30-тина години, а сега како пример за тоа може да се наведе и моделот Peugeot 206.

Овој модел официјално беше претставен во септември 1998 година, како хечбек, а две години подоцна и купе-кабрио изведбата. Во 2001 година претставена е караванската изведба додека седанската во септември 2005 година.

Производството на овој модел најпрво започна во Франција, Велика Британија и Чиле, а потоа и во Кина, Индонезија, Бразил, Аргентина и Иран. Со исклучок на Иран, од овие фабрики последниот модел под овој број излезе во декември 2016 година.

Peugeot 206

Сепак во фабриката на Iran Khodro лоцирана во главниот ирански гранд Техеран производството на овој модел се уште се спроведува.

Станува збор за седанската изведба која е достапна само со 1,6 литарски бензински мотор со 109 КС и 142 Nm при 4.000 обртни моменти во минута. Тежината изнесува 1.100 килограми, а во стандардната опрема вклучено е ABS, предни и задни електрични стакла, аудио систем со USB приклучок и четири звучници.

Почетната цена по која се продава изнесува 9.830 евра, а производството засега е сигурно дека ќе се одвива најмалку уште две години, секако, без никаква промена во дизајнот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK