Toyota инвестира 2 милијарда евра за развој на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota започна со инвестирањето на 2 милијарди долари во наредните четири години за развој на електрични автомобили во Индонезија, пренесува Ројтерс. Овој план го потврдија министерот за транспорт на Индонезија како и претседателот на Toyota, Акио Тојода.

Како една од најбрзо растечките економии во регионот, Индонезија претставува доста попуалрна земја за инвестирање во автомобилската индустрија. Големиот пазар, но и евтината работна сила ги привлекуваат азијските производители своето производство од Јапонија и Јужна Кореа да го селат во Индонезија, како алтернатива на Кина.

Со реализирањето на инвестициониот план до 2023 година, Toyota се надева дека ќе успее да направи голем напредок во развојот на електричните возила и да заземе што е можно поголем дел од пазарниот колач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK