Ги одложија „Брзи и бесни 9“ за една година

ОБЈАВЕНО НА:

Студиото Univеrsаl одлучи да ја одложи премиерата на деветтиот дел на серијалот „Брзи и бесни“ за 2 април во 2021 година. Филмот требаше да се појави годинава на 22 мај, но продуцентите процениле дека ќе загубат повеќе пари поради пандемијата од Корона вирусот и затворањето на кината во Италија, Јужна Кореја и Кина. Дури 75% од приходите од претходните серии беа остварени надвор од САД.

„Ја чувствуваме вашата љубов и нетпрение за да го видите следниот дел од сгата. Затоа ни е тешко да соопштиме, дека моравме да го одложиме датумот на премиерата на филмот“, пишуваат продуцентот и актерот во главната улога, Вин Дизел.

„Стана јасно дека сите фанови во светот нема да можат да го видат филмот во мај. Го разбираме разочарувањето бидејќи ќе треба да се чека подолго, но безбедноста на гледачите е во прв план“ додава Дизел.

„Бирзи и бесни 9“ не е првиот холивудски хит, кој ќе се појави во кината со задоцнување поради Корона вирусот. Порано поради пандемијата беше одложена и премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд „Смртта може да почека“, а „Невозможна мисија 7“ беше прекината.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK