Mitsubishi престанува со развојот на дизелските мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Mitsubishi објави дека ќе престане да ги развива дизелските мотори по 2021 година.

Како што пренесуваат медиумите во Јапонија, овој производител развојот на дизелските мотори ќе го прави и во текот на 2021 година, а потоа ќе го стопира целосниот развој.

Причината за ваквата одлука произлегува од се помалата побарувачка на Mitsubishi возилата опремени со дизелски мотори која пак произлегува од строгите WLTP процедури, важечки на територијата на Европската Унија.

Оттука, Mitsubishi очекува до 2021 година, продажбата на возила со дизелски мотор да сочинуваат нешто помалку од 20% од вкупната продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK