Марко Блажевски ќе стартува од 4. место на трката од Twingo Cup во Австрија

ОБЈАВЕНО НА:

Денешната трка што беше планирана за во вечерниот термин 19,30 часот е преместена за утре во 8,40 часот поради згуснатиот распоред и неколкуте одложувања на некои трки денеска. Втората трка исто така се планира за утре од 15,30 часот.

На утрешните две трки од Twingo Cup што се вози во Австрија на патеката Ред Бул ринг, Марко Блажевски ќе стартува од вториот ред. Тој оствари четврто најдобро време во квалификациите, што се негова најдобар резултат досега и воопшто на било кој македонски возач во ова натпреварување досега во квалификациите. Возачот на АКК Сити Скопје уште на слободните тренинзи најави дека е добро расположен овој викенд и дека атакува на пиедесталот.

Владимир Тренески, најдобриот Македонец на првта трка во Унгарија, сега ќе стартува од 12 место, а Слободан Трајковски и Давид Малинковски ќе ја почнат трката од 16 и 17 место. Зоран Мираковски е на 20 место, а Ангелче Стојковски е 24. Поради дефект на автомобилот Борис Стојменов нема да може да се трка овој викенд, а Ненад Костовски ќе стартува од последното место.

“Задоволен сум од тоа како извозев. Имаме уште сили и резерви за трката. Добара сетинг имавме и добро се држевме од самиот почеток, изјави Марко Блажевски кој имаше за 0,719 секунди послабо време од Ник Стефанчиќ од Словенија кој беше најбрз на квалификациите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Само четири возачи имаа време во една секунда веднаш зад Стефанчиќ: второпласираниот Михајло Младеновиќ од Србија, Лука Глазер о Словенија и нашиот Марко Блажевски.

На Ред Бул ринг во Twingo Cup се возат 25 минути, и на 4,318 км. долгата патека веројатно ќе се извоз 10 кругови. Патеката е со долги и брзи делови и на трката најважно ќе биде да се вози во група (фирунг) и да се чека шанса за престигнување.

Twingo Cup – Red Bul Ring квалификации

Утре првата трка е закажана за 8,40 часот, а втората е во 15,30 часот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK