Хибридите и електричните возила мора да прават бучава при мали брзини

ОБЈАВЕНО НА:

Американската национална агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) ќе бара од сите хибридни и електрични возила да прават бучава при брзини помали од 30 км/ч на час и тоа од 2019 година.

Според агенцијата сите електрични и хибридни возила што се назарот и имаат четири тркала и вкупна тежина помала од 4,5 тони мора да прават некоја бучава како предупредување за пешаците за нивното присуство. Ако се вози со брзина над 30 км/ч. според агенцијата самото триење на гумите и струењето на воздухот е доволно ваквите возила да бидат слушнати од пешаците.

Минимумот на потребната бучава што се бара е со цел да се намали ризикот од несреќи со пешаците, со слепите лица и оние со оштетен вид. Според NHTSA годишно може да се спречат најмалку по 2.400 несреќи.

Ваквото барање за воведување на правило првпат беше разгледувано во 2013 година, и имало три различни предлози пред да се донесе конечната верзија.
Не се знае каква ќе биде бучавата што производителте ќе ја имаат во нивните следни модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK