Две училишта ќе се едицираа од нов сообраќаен полигон

ОБЈАВЕНО НА:

Со донацијата на сообраќајни полигони од компанијата Окта, можност за едукација и забава добија учениците од основното училиште „Васил Главинов“ во Велес и од средното училиште за рехабилитација и образование Св. „Наум Охридски“ во Скопје.
На овие полигони, покрај запознавање и учење на основните сообраќајни правила и прописи, учениците воедно ќе се едуцираат како безбедно да се движат по коловозите. Забавата беше поттикната и од театарската претстава која има за цел на интерактивен начин да ги научи учениците за тоа како треба да се однесуваат како учесници во сообраќајот, а беа дистрибуирани и боенки со едукативни илустрации на истата тема.

Донацијата е уште една активност на кампањата за подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот, „Јас внимавам“, создадена од Окта во соработка со Министерството за внатрешни работи. Додека најмладите ги едуцира и им поттикнува позитивни вредности, кампањата преку своите активности кај возрасната популација ја буди свеста и апелира за почитување на сите сообраќајни правила и прописи, и со тоа придонесува за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK