Ќе поевтини ли горивото – цената на нафтата во САД падна под 75 долари

ОБЈАВЕНО НА:

По една година цената на суровата нафта во САД повторно е под 75 долари, и се очекува повторно намалување на цената на горивата. И суровата нафта „Брент“ изгуби од вредноста, и тоа 4 отсто во вторникот и има цена од 79,50 отсто.

Европската унија во понеделникот воведе забрана за увоз на нафта преку море од Русија, додека Западот постави ограничување од 60 долари за руската нафта. Двата чекори се дизајнирани да и наштетат на способноста на Русија да ја финансира нејзината војна во Украина, без да им наштетат на потрошувачите со тоа што ќе предизвикаат Москва да го намали производството на нафта.

Во моментов цената на нафтените деривати во Македонија е на ниво под 86 денари.
Најевтин е бензинот БС-95 кој се продава по цена од 83 денари за литар. Еуросупер БС-98 се продава по цена од 85,5 денари, додека Еуродизел се продава по 94,5 денари за литар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK