Како ќе ги распознаеме: Кај автономните возила ќе доминира оваа боја

ОБЈАВЕНО НА:

Автономните возила коишто ќе бидат застапени во голем број во иднина ќе биде лишени од управувачките команди какви што ги има денес во автомобилите. Возилата на иднината воедно ќе имаат и специјална боја.

Со оглед на тоа што функционирањето на автопилотот е од огромна важност за системот LiDAR кој го детектира движењето на објектите во близина на автомобилот со помош на ласерски сноп, возилата офарбани во светли нијанси далеку полесно се воочуваат отколку оние со потемни.

„Тестовите покажаа дека LIDAR многу полесно ги открива автомобилите чија надворешна боја рефлектира повеќе светлост“, вели Ненси Лохарт, која е стручњак за бои во автомобилската индустрија.

Технологијата на самовозечките автомобили не се потпира исклучиво на LIDAR туку се вклучени и други системи како камера и ултразвучни сензори, а се очекува дека барем во првите генерации на возила со авто-пилот главно ќе биде офарбани во бела боја или во некоја друга светла нијанса.

Уште една компанија која се занимава со проблематиката на боите и на системите за детектирање, PPG Industries, експериментира со хај-тек боите кои се користат во авио-индустријата за премачкување на трупот на авионот. Воедно во компанијата се надеваат и дека ќе произведат црна боја која ќе рефлектира за 20-30 проценти повеќе од постоечката.

Покрај тоа ќе има и уште еден предизвик за произведувачите на автомобилски бои ќе биде како да се спречи валкањето на површината на таквите возила бидејќи е од голема важност камерите и сензорите на „автомобилите без возачи3 да не бидат прекриени со нечистотија за да можат успешно да детектираат други возила и објекти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK