Kолекција од 140 олдтајмери пристигнува на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Аукциската куќа RMSothebys подготвува неверојатна аукција од 140 автомобили од 70-те, 80-те и 90-те години на минатиот век. Во oваа збирка од 140 автомобили има од најразлични брендови, како од јапонските Mitsubishi, Honda, Toyota така и од европските Porsche, Ferrari, Renault, Mercedes итн.

Еден од поевтините автомобили е Mitsubishi Starion ESI-R чија почетна цена изнесува нешто над 10 илјади евра. Во збирката се наоѓа и Porsche 911 Turbo од 1994 година. Од овој модел германскиот производител во 90те произведе вкупно 1.427 автомобили , а и покрај тоа што овој автомобил учествувал во сообраќајна несреќа во Кувајт, се очекува да постигне цена од 150 до 180 илјади евра.

Тука е и Ferrari 412 GT. Овој автомобил од 1989 година иако доста ценет кај љубителите на стари автомобили се очекува да се продаде по цена од речиси 100 илјади евра. Причината за ова е тоа што автомобилот е реставриран и се сменети многу оригинални делови, а има и поминато повеќе километри.

Rolls-Royce Silver Spur Limousine исто така е дел од оваа аукција. Овој модел на пазарот се појави со многубројна опрема, а и моделот кој е на аукција располага со телевизор, клима уред, замрзнувач и многу друго. Иако сето ова наговестува висока цена, сепак, истата, е изненадувачки мала и започнува од 30 илјади евра.

Многу повисока е цената на BMW Alpina B7 Turbo Coupe од 1982 година. Произведен само во 153 примероци овој модел кој распоалга со 6 цилиндрен мотор со 300 КС е доста баран на пазарот. Почетната цена се движи помеѓу 90 и 100 илјади евра.

На листата меѓу другите автомобили се наоѓаат и Mercedes-Benz 500 TE AMG, BMW Alpina B7 Turbo Coupe, Nissan 300ZX Twin Turbo, BMW Alpina B7 Turbo, Range-Rover, Mercedes-Benz 560 SEC AMG 6.0, Renault 5 Turbo 2, Nissan 300ZX Turbo…