Jeep Compass мора на сервис – поради бришачите!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога некој модел добива покана за дополнително појавување во сервис најчесто се работи за некоја грешка или маана што била откриена во работата, а може да биде поврзана со најразличен дел од автомобилот. Токму поради тоа понекогаш овие покани се чинат и како многу банални.

Ако некои имаат пробелми со сопирачки, безбедносни ремени, тркала итн.. кај Jeep Compass се работи а бришачите. Во објаснувањето зошто одредени примероци на овој модел мораат во сервис се вели:

„Зглобот на главата на бришачите на предното стакло може да се обликува неправилно. Тоа може да придонесе за нарушување на работата на бришачите, и да го зголеми ризикот од несреќа“, пишува во објаснувањето.

Моделите на Jeep Compass што се опфатени со овој повик за сервис се произведени во периодот од 28 април 2019 до 3 март 2020 година.

Jeep recall code: W25

Source: Rapex Alert 28/2020 A12/00977/20

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK