Најмалиот СУВ на Hyundai чини 12.000 долари и за еден ден собра 19.000 резервации

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот ден откако симпатичниот Hyundai Casper се појави во продажба во Кореја, потврдено е дека имало речиси 19.000 резервации. Casper станува најмалиот и најдостапниот СУВ во понудата на корејскиот бренд. Сериското производство на малиот СУВ почна на 15 септември во фабриката во Ганжу во Кореја.

Локалните цени за Hyundai Casper започнуваат од 13.850.000 вони (околу 11.860 американски долари) за почетната варијанта Smart. Цените се искачуваат на 15,9 милиони вони (околу 13,612 американски долари) за спецификација Modern со средно ниво и достигнуваат до 18,7 милиони вони (околу 16,010 американски долари) за топ понудатат Inspiraion.

Не помалку од 18.940 нарачки беа napraveni во rok od 24 часа по локалното лансирање на кросоверот, што му даде најголем број резервации за не-електричен модел од Хјундаи.

Малиот Hyundai Casper има димензии од само 3.595 мм., широк e 1.595 мм. и висок 1.575 мм. Тој нуди седење за четири патници и вклучува предни седишта што можат да се преклопат целосно рамно. Задните седишта исто така можат да се преклопат, претворајќи ја кабината во место за спиење.

Меѓу клучните внатрешни карактеристики на Casper е 8-инчен инфозабавен екран со навигација, препознавање глас, како и дигитална табла за инструменти од 4,2 инчи и аудио систем со 6 звучници во највисокото ниво. Теренецот нуди и неколку различни режими на возење.

Стандардно доаѓаат мноштво безбедносни карактеристики, вклучително и 7 воздушни перничиња, помош за избегнување на судир напред и помош за одржување во лента, додека водечките модели имаат и круз контрол базирана на навигација и помош за избегнување судир со слепи точки.

Достапни се два мотори. Првиот е атмосферски 1.0-литарски со три цилиндри со моќност од 75 КС, додека вториот е турбо-полнач 1.0-литарски T-GDI со 99 КС. И двата се поврзани со ист четиристепен автоматски менувач кој ги напојува предните тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK