Иран станува „ветена земја“: Renault e трет светски производител што ќе има фабрика таму

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител на автомобили Renault потпиша договор со Иран за производство на повеќе од 150.000 возила годишно во земјата, ​​што веќе се опишува како најголема автомобилска зделка на Исламската република.

По 10 месечни преговори, вредноста на потпишаниот договор е 660 милиони евра. Врз основа на него Renault, заедно со иранската компанија Negin Khodro и Организацијата за индустриски развој и надградба (IDRO), ќе ги произведува од 2018 година најновите верзии на марките Symbol и Duster.

Французите ќе поседуваат 60 отсто од акциите во заедничкото претпријатие, а останатите ќе бидат на Иран. Од 40 проценти удел на Иран 20 отсто ќе припаѓаат на IDRO, а останатите – на Negin Khodro. Renault презеде обврска да извезува 30 отсто од производството – автомобили и делови.

Најголемиот конкурент на Renault, PSA исто така потпиша договор со најголемиот ирански производител на електроинсталации Iran Khodro во јуни 2016 година, кој предвидува производство на 200.000 автомобили Peugeot годишно во Исламската република.

Пред месец договор за производство на автомобили во Иран потпиша и германскиот автомобилски концерн Volkswagen.

Вкупно производство на автомобили во Иран се очекува да достигне два милиони возила годишно до 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK