(Видео): Дрифтање и скијање на улиците во Букурешт!

Видеото би требало да биде со потсетување: НЕМОЈТЕ ОВА ДА ГО ПРАВИТЕ ДОМА!
Снегот што падна изминатите денови во многу градови низ Европа донесе само неволји за властите, а радост за оние што скијаат. Но, што кога ќе падне снег, градските власти ќе бидат изненадени, а вие сте голем ентузијаст и сакате адреналин.

Додека повеќето жители на Букурешт се во длабок сон, неколкумина решаваат да го искористат снегот по улиците.
Возилата дрифтаат и се нишаат „лево -десно“ по снежните улици, но уште пострашно е што двајца другари решаваат да стават скии и да бидат влечени од автомобилот.

Дали биле пресретнати од полицијата незнаеме..