И најпопуларната Lada си замина од Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Lada уште минатата година соопшти дека во целост ќе се повлече од европскиот пазар, вклучувајќи ги тука и земјите од Балканот. Оваа одлука доаѓа откако мнозински сопственик на Lada стана Renault Групацијата.

Целта е да се избегне конкуренцијата на Dacia и Lada како нискобуџетни возила, но и строгите WLTP процедури поврзани со потрошувачката односно издувните гасови.

Во таа насока, Lada го повлече и последниот модел од понудата, а тоа е моделот 4×4 кој е најпоуларниот модел на Lada во европските земји, пред се поради одличните теренски перформанси и релативно ниската цена.

Според официјалните продажни перформанси, во земјите од Европска Унија, моделот 4×4 минатата година бил продаден во нешто повеќе од 3 илјади примероци, а значителен дел од нив во Германија.

Во Германија почетната цена за основниот модел изнесува 11.990 евра, а моделот 4×4 Taiga се продава по цена од 12.590 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK