Еуросупер 95 поевтини – дизелот со иста цена

ОБЈАВЕНО НА:

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска
се намалува 0,50 денари/литар и ќе изнесува 60,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензинот Еувросупер БС-98 и на Еувродизелот (Д-Е V) остануваат на исто ниво, реши Регулаторната комисија за енергетика.

Новите цени на горивата стапуваат на сила од ноќеска и ќе бидат во сила до следниот понеделник кога повторно ќе се разгледува цената.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 0,50 денари/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,156 денари/кг и ќе изнесува 25,980 денари/кг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK