Mahindra му кажа на SsangYong: Најди некој друг да ти помогне

ОБЈАВЕНО НА:

Индискиот конгломерат Mahindra and Mahindra реши да престанат да инвестираат во својата марка на јужнокорејскиот бренд SsangYong, бидејќи производителите на автомобили низ целиот свет се обидуваат да заштедат пари во обид да ја надминат сегашната криза.
Mahindra има удел од 74,65% во SsasngYong па дури побараа од корејскиот бренд да бара други средства за финансирање, бидејќи ограничувањата на КОВИД-19 во Индија доведоа до огромно намалување на побарувачката.

Оваа објава доаѓа помалку од два месеци откако Mahindra изјави дека ќе инвестира 423 милиони американски долари во обид да го направи SsangYong профитабилен до 2022 година, пренесува Autonews Europe.

„После подолгото размислување со оглед на тековните и проектираните парични текови, Бордот на М & М донесе одлука дека М & М нема да може да внесе свеж капитал во SYMC и ја повика компанијата да најде други извори на финансирање“, соопштија од Mahindra.

Во исто време, индиската компанија е подготвена да разгледа специјална еднократна инфузија до 40 милијарди корејски вони (32,34 милиони американски долари) во текот на следните три месеци, со цел да му помогне на SsangYong да продолжи со водење на својата работа додека бара алтернативни извори на финансирање.

SsangYong планираше да почне продажбата на целосно електрична верзија на својот SUV модел, Korando во Европа оваа година. Моделот требаше да се појави на саемот во Женева минатиот месец, но настанот мораше да биде откажан поради ограничувања на коронавирус.

Корејскиот производител на автомобили беше спасен од Mahindra од речиси целосна несолвентност уште во 2010 година, но оттогаш не успеа да ја искористи целата ситуација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK