Доаѓа нов производител од Шпанија – Baltasar дебитира на 21 април (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанија добива уште еден производител на автомобили. Се работи за компанијата Baltasar основана уште во 2011 година, а која годинава ќе го претстави својот прв модел. На 21 април е закажана премиерата на првиот модел чие име не е познато иако овој производител објави и тизер видео.

За автомобилот нема многу информации. Се знае дека ќе биде електричен, а некои шпански медиуми наведоа дека станува збор за супер автомобил кој доаѓа како конкурент на Lotus Evija и Rimac C_Two.

Од компанијата со гордост наведуваат дека автомобилот е целосно развиен од нив, вклучувајќи ги сите компоненти. Искучок се батериите кои се развиени во партнерство со шпанската компанија Millor Battery.

Baltasar е осмиот активен производител од Шпанија. Во моментов покрај добро познатиот SEAT, активни се и GTA Spano, Hispano-Suiza, Hurtan, IFR Aspid, Sunred, Tauro Sport Auto и Tramontana.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK