Borgward доби нови сопственици

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш познатиот германски производител Borgward кој пред неколку години повторно започна со работа доби нови сопственици. Германските медиуми пренесуваат дека кинеската компанија Foton Corporation успеала да ги продаде акциите во германската компанија на компанијата UCAR.

Сепак Borgward останува во сопственост на кинезите бидејќи и оваа компанија е во целосна кинеска сопственост, а примарна дејност е изнајмувањето и продажбата на автомобили. Станува збор за доста моќна компанија со претставништво во над 300 градови во Кина и милиони клиенти годишно.

Што се однесува до Borgward, многумина воопшто и не слушнале за овој производител, но се до 60-те години од минатиот век имал голема улога во германската автомобилска индустрија.

Историјата кажува дека оваа компанија е основана во далечната 1905 година од страна на Карл Боргвард. Овој инжинер и индустријалец во населеното место Фарел во близина на германскиот град Бремен во 1905 година создава работилница која потоа прераснува во фабрика за автомобили.

Hansa 1500 и Isabella се најпознатите модели на овој производител кој поради финансиските проблеми со кој се соочува во втората половина на 50те години престанува да постои во 1961 година, само две години пред смртта на основачот.

Токму кинеската Foton пред само неколку години во целост ја рестартираше оваа компанија и веќе лансираше неколку SUV модели кои по Германија веќе полека, но сигурно се дистрибуираат и во останатите европски земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK