Едни бараат правда, другите .. Демонстранти украле 50 возила од дилерство на FCA

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе неколку денови ширум САД се случуваат бројни протести кои од мирни се претворија во насилни проследени со уништување на бројни автомобили и продавници.

Така во градот Сан Леандро во Калифорнија, бројни демoнстранти влегле во продажниот салон на FCA каде украле 50 возила.

За локалниот CBS медиуми, сопственикот на салонот Карлос Хидалго веднаш по кражбата изјавил дека недостасуваат 50-тина возила кои биле украдени од паркингот пред салонот. Најголем дел од нив се од моделите Dodge Challenger Hellcat и Dodge Charger Hellcat со поединечна вредност од 60 до 90 илјади американски долари.

“Ние следиме дел од украдените возила. Се обидовме да ја повикаме полицијата, ама таа е премногу зафатена” изјави Хидалго.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK