За три години: На сервис повикани речиси сите Audi A7 продадени во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси и да нема производител што не повикал на дополнителен сервис некое свое возило поради различни причини. Интересно е шти Audi во САД ги има повикано речиси сите продадени модели A7, поради проблеми со воздушната завеса напред. Повикани биле 17.694 возила за да им бидат сменети воздушните перничиња.

Ако се гледа според бројката, ова и не е некоја голема бројна на возила што се повикани во сервис, но ако се земе предвид дека во 2015, 2016 и 2017 биле продадени 21.375 возила Audi A7 во САД, тогаш тоа е речиси целата пратка што заминала преку Атлантикот.

Во повикот се вклучени и моделите S7 и R7. Замената ќе почне на крајот на јуни, и нема врса со проблемите со компанијата Таката која во моментов има проблеми со воздушните перничиња н амилиони други возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK