За да ги задоволи купувачите на Model 3: Tesla отвора 100 нови сервисни центри

ОБЈАВЕНО НА:

И во Tesla беа изненандени од големиот одзив на купувачите за новиот Model 3, и веќе има повеќе од 373.000 резервации за возилото што пред некој ден излезе од производната лента, а првите модели ќе им ги испорачаaт на купувачите на 28 јули. Сега компанијата размислува како на своите потрошувачи да им помогне кога истите возила ќе треба да одат на сервис.

Затоа компанијата е проактивна и според изјавите на високо позиционирани лица Tesla ќе отвори нови 100 сервиси што ќе им се придружат на сегашните 50 со цел побрзо да им излегуваат во пресрет на барањата. Дополнитлно ќе има и 350 мобилни сервиси со комбиња за решавање на проблемите на патиштата.

Со воведување на овие мобилни сервиси ќе се вработат околу 1.400 сервисери уште годинава, а компанијата планира континуирано ширење на својата мрежа, и слични чекори се планираат и следните години. Новиот Model 3 е наменет за лесно производство со што би требало и да се намали потребата од сервисирање.

Сегашниот капацитет на фабриката е 1.000 возила, но во декември тој треба да се зголеми до 20.000 возила и истиот тренд на производсто да се задржи и во иднина. Тоа значи дека в година на патиштата веќе има повеќе од 250.000 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK