Peugeot има нов e-Expert

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot брендот повторно ја докажа својата големина. Неуморно и прецизно ја следи својата амбиција, 100% од гамата да има своја електрична верзија. По 100% електричните Peugeot e-208 и SUV Peugeot e-2008, пристигнува и 100% електричниот PEUGEOT e-EXPERT.

 

Брендот чекори смело напред, постојано потенцирајќи дека иднината ќе биде сè само здодевна не. Користејќи го логото #UnboringTheFuture ги информира своите потенцијални клиенти за возбудливиот период кој следи, создавајќи електрични верзии од сите свои модели. Клиентите, кај еден ист модел, имаат можност да избираат помеѓу конвенционални мотори и 100% електрични. Моќта на изборот е моќта на брендот.

Удобен и практичен за сите услови и работни места, со голем товарен простор, работен простор што го олеснува секојдневниот живот, технологија и робустен дизајн, новиот е-експерт PEUGEOT овозможува и неограничен пристап до сите делови во градот, па дури и во центарот каде што е метежот поголем и достапноста по мала.

Peugeot e-Expert е совршен пример за чувството на задоволство при можноста за избор. Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу:

  • 2 нивоа на автономија кои нудат опсег до 330km (WLTP)
  • 3 должини
  • Максимална носивост до 1275kg,
  • Товарниот простор е идентичен со верзијата кај моторите со внатрешно согорување.

Новиот PEUGEOT е-експерт нуди 3 режими на возење:

  • Eco (60 kW, 190 Nm): за автономија,
  • Normal (80 kW, 210 Nm): оптимално за секојдневна употреба,
  • Sport (100 kW, 260 Nm): ги оптимизира перформансите при транспорт на тежок товар.

Со тоа ќе им овозможат на клиентите да изберат возило што одговара на нивните дневни потреби за возење, при што поголемиот дел од деловните професионалци патуваат помалку од 200km на ден.

Новиот PEUGEOT e-Expert е првото електрично PEUGEOT возило кое нуди можност за 2 нивоа на автономија, капацитетот на литиум-jонските батерии е 50 kWh и 75 kWh.

Верзиите (Compact, Standard и Long) достапни со батеријата со капацитет од 50 kWh овозможуваат опсег до 230km според WLTP Верзиите Standard и Long исто така можат да бидат опремени со батерија од 75 kWh со капацитет до 330km, WLTP.

Поврзаноста на грејачот во патничкиот простор со термичката регулација на батеријата овозможува брзо полнење, оптимизиран опсег и зголемен работен век.

Достапни се два вида на инвертори во возилото, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење на клиентите, со еднофазен полнач од 7,4 kW како стандарден и опционален трофазен инвертор од 11 kW.

Начините за полнење се флексибилни и прилагодени на секоја дневна ситуација. Можни се неколку видови на полнење:

 

Стандарден полнач (8А): 31 час / со батерија од 50 kWh

47 часа / со батерија од 75kWh

Брз полнач (16A): 15 часа  / со батерија од 50 kWh

23 часа / со батерија од 75kWh

Ѕиден полнач од 7,4 kW 7:30 часа / со батерија од 50 kWh

11:20 часа / со батерија од 75kWh и со еднофазен 7,4 kW инвертор.

Ѕиден полнач од 11 kW: 5 часа / со батерија од 50 kWh

7:30 часа / со батерија од 75kWh и со трифазен 11 kW инвертор.

Наменски јавен терминал: 30 мин. / регулацијата на температурата на батеријата ви овозможува да користите полначи од 100 kW и да достигнете 80% полнење за (батерија од 50 kWh) или 45 мин. (75 kWh батерија).

 

Животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000km, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на истата.

Новиот PEUGEOT e-EXPERT ќе биде достапен за продажба од декември 2020 година и ќе го носи неспорниот успех на гамата PEUGEOT EXPERT од неговото лансирање во 2016 година, со повеќе од 195.000 единици продадени на глобално ниво. Исто така, ќе го зајакне лидерството на PEUGEOT на пазарот за LCV гамата во Европа и ќе додаде уште еден електрифициран модел во гамата PEUGEOT, заедно со е-Boxer, е-208, е-2008, 3008 HYBRID, 508 HYBRID и 508 SW HYBRID. Peugeot Брендот има амбиција да ја електрифицира 100% LCV гамата до 2021 година.

Соопштение на Еуроимпекс

Следете не и на:

24AUTO NETWORK