Турција ги зголеми царините за автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Турција ги зголеми царините за увоз на автомобили. Зголемувањето на царините ќе важи за сите возила, освен за најевтините модели.

Турскиот министерот за финансии Наџи Агбал, во Анкара, изјави дека нема зголемување на царината за возилата кои чинат помалку од 40 илјади лири, односно, 11.578 долари, додека моделите кои чинат од 40.000 до 70 илјади лири како последица на повисоката царина ќе поскапат за околу 3 отсто.

Со новата мерка во буџетот ќе се слеат додатни три милијарди лири, а се очекува и позитивно да влијае врз продажбата на автомобили произведени во Турција, бидејќи со царината ќе се зголемат цените на конкурентите кои произведуваат луксузни возила, а кои главно се увезуваат во Турција.

Со новата мерка се зголемува и цената на увозните луксузни автомобили со помали мотори, кои досега беа во истата царинска група со моделите наменети за масовна продажба, од кои многу се произведуваат во Турција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK