Lada подготвува голем седан

ОБЈАВЕНО НА:

Во Тољати каде што е главното место за производство на автоомбилите Lada секогаш имале мерак за луксузен автомобил што ќе ги наследи „волгите“. Во 90-тите години Русите направија доста обиди да развијат таков модел, но по традиција не доведоа ниту еден од проектите до крај.

Од една страна АвтоВАЗ не располагаше со доволно финансиски ресурси за исполнување на толку сложена задача, а од друга страна имаше сосема резонски сомнежи дали некој би купувал голема и луксузна Lada, со оглед на тоа што на пазарот се нудат далеку поквалитетни автомобили од истиот сегмент.

Времињата се менуваат и имиџот на рускиот производител се подобрува со секој изминат ден. Благодарение на новиот дизајн и огромните напори за подобруање на квалитетот самите Руси престанале да гледаат на Lada како на недоразбирање. Воедно и купувачи за престижниот седан, позициониран над Vesta, се наоѓале без проблеми.

Како би изгледал идниот голем и луксуен модел на AвтoВAЗ објаснува дизајнерот Никита Чујко, според кого стилистиката на фирмата, фокусирана околу буквата Х би го открила целосниот потенцијал на автомобилот со посериозни димензии.

Големата Lаdа нем да биде евтина, а ќе располага со сите современи системи за безбедност. Цената со сигурност ќе ја надмине психолошката граница од 1 милиони рубљи (14.148 евра), но автомобилот и покрај тоа ќе биде поевтин од конкуренцијата. Покрај тоа развојот на таков модел би се исплател лесно ако биде доразвиен во верзиите комби и кросовер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK