Бензинот најмногу поевтини бидејќи се намали акцизата – наскоро и дизелот со намалена акциза

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска бензинот ќе биде поевтин за 1,5 денари, но тоа поевтинување е најмногу заради намалувањето на акцизата.  За еден денар се намалува акцизата на бензините од 3 на два денари. Но акцизата кај дизелот останува иста – 3 денари бидејќи според пресметките потребно е дизелот на светски берзи да порасне уште како услов да се намали и таму акцизата.

Уредбата со која е воведена акцизата од три денари за нафтените донесена во периодот кога драстично паднаа цените на нафтените деривати на светските берза и заради корона кризата, предвидува и постепено укинување на акцизата како ќе растат цените.

Новите цени кои ќе важат од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе чини 60 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 62 денари. Дизелот со новата цена ќе биде 53 денари и екстра лесното или црвената нафта ќе биде 52,5 денари со што се изедначува со дизелот за да нема простор за малверзации .

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK