Автомобилските концерни не можат да ги исполнат климатските цели на ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

Штетните емисии на CO2, емитувани од новите автомобили во Европа, се зголемија веќе трета година во 2019 година, а тоа го покажуваат податоците на Европскта агенција за животна средина (EAOC). На тој начин автомобилските концерни продолжуваат да заостануваат зад претстојните климатски цели на Унијата.

Европската комисија изјави дека автопроизводителите треба значително да ја намалат емисијата на штетни гасови или ризикуваат да не ги почитуваат регулативите на Европската унија, кои влегуваат во сила во текот на оваа година. А секое непочитување значи – казна.
„Автомобилските концерни треба да ја оптимизираат потрошувачката на гориво на моделите и да го забрзаат воведувањето на јагледорно неутралните превозни средства“, објаснува Европската унија.

Во 2019 година просечната вредност на емииите на јагледор диоксид, регистрирни во 27-те држави членки на Европската унија плус Велика Британија, Исланд и Норвешка била 122,4 грама на километар, што претставува раст од 1,6 грама во споредба со 2018 година. Овој резултат е под целта на Унијата за минатата година – 130 грама СО2 на километар, но далеку над построгите регулативи, кои влегуваат во сила оваа година.

За да се справат со нив и да го избегнат плаќањето на казни, автомобилските производители ќе треба да ја намалат емисијата на штетни гласови на новите автомобили со 22 проценти во споредба со 2019 година. Целта на Европската унија за 2020 година е ограничувањето на средната вредност до 95 грама на километар.

Емисиите продолжуваат да се зголемуваат бидејќи пазарот на СУВ возила на Стариот континент станува сè поголем. Во 2019 година, 38 проценти од продажбите на нови автомобили биле кросовери.

Покрај тоа втора година по ред се зголемиле и штетните емисии на СО2 на микробуси.

Во 2019 година електромобилите и хибридите, пак, претставуваат само 3,5% од доставувањата на нови автомобили. И покрај тоа, електричната мобилност станува сè попопуларна во Европа и јасен пример за тоа е Норвешка каде што 56% од продажбите во минататагодина биле електрични возила.

Оваа година доставувањата на автомобили во Европската унија одбележува пад заради пандемијата со коронавирусот. Европската унија ги повикува земјите членки да воведат шеми за стимулирање на продажбите на „зелени“ автомобили, како и да инвестираат во изградбата на инфраструктурата за полнење на електрични превозни средства, за да им помогнат на автомобилските концерни за да се справат со целите на штетни емисии.

Франција и Германија веќе воведоа слични модели како дел од своите пакети за закрепнување на економијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK