Рокади во SEAT – Грифитс е сега нов извршен директор

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот производител се одлучи за нова измена во раководната позиција во SEAT која доаѓа по заминувањето на Лука де Мео во француски Renault.

Така на позицијата извршен директор на шпанскиот произвдоител доаѓа Вејн Ентони Грифитс, досегашен шеф на Cupra, спортската дивизија на SEAT.

Оваа вест ја потврди Херберт Дис кој ја обелодени одлуката на управниот одбор на Volkswagen Групацијата. „Вејн Грифит е еден од најквалификуваните менаџери во Групацијата” изјави меѓудругото Дис.

Грифитс својата кариера ја започна во Audi во 1989 година откако претходно дипломираше на Меѓународен Менаџмент и Германистика во Лидс, Англија. Две години потоцна се приклучува во SEAT каде се задржува три години пред да се врати повторно во Audi. Работи во најразлични сектори, од маркетинг па се до комерција.

Сега за прв пат во својата кариера седнува на столчето на извршен директор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK