Пол позиција за Џиролами на TCR Europe на Спа – Давидовски стартува од 15 место

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами од Comtoyou Racing ќе стартува од првата позиција на првата трка од TCR Europe што денеска треба да се вози на патеката Спа. Во Топ-10 се пласираше и Том Коронел, тимскиот колега на Џиролами. Македонскиот возач Виктор Давидовски кој вози заедно со Џиролами и Коронел, на оваа трка постигна 15. време и на двете трки ќе тргне од таа позиција.

Во првиот дел од квалификациите во најголем дел од тренинзите Давидовски имаше 12 најдобро време, а во последните кругови падна три места. Во конкуренција на денесшната и утрешна трка се пријавени 22 возачи. Тој е најдобропласиран возач кој се бори за Dimond Cup каде е лидер.

Во генерален пласман Давидовски е на 7. место со 78 бода, еден помалку од Исидор Кајелас од Шпанија. Лидер во генерален пласман е Џиролами со 133 бод,а пред Тим Коронел со 120 бода.

Том Коронел и Франко Џиролами на првиот дел од квалификациите беа во Топ-10 и се пласираа за втората квалификациска сесија. Најважно е да се биде во најдобрите десет, а потоа се бориш за пол позцијата.
Во вторите квалификации Џиролами оствари најдобро време и е најдобро пласирано возило на Audi. Том Коронел е на 9 место и од тоа место ќе тргне на првата трка.

На втората трка Коронел ќе тргне од второто место, а Џиролами од 10 место.

Првата трка е денеска од 15 часот, а втората утре од 11,35 часот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK