„Најлудите“ возила што се појавиле на релито Дакар

ОБЈАВЕНО НА:

Во тек е најновото издание на релито на издрживост и авантура Дакар 2017 што се вози во Јужна Америка во Боливија, Парагвај и Аргентина. Релито отсекогаш било синоним за авантура и тест на издржливост на возачите и нивните возила.
За да се победи тука не потребно само добро подготвено возило, туку и многу умешност, среќа, снаодливост. Но, за разлика од оние што ова рели го сваќаат како шанса да докажат дека се најдобри, за други било и само забава. Да се минат илјадници километри во најнормално возило, или уште помалку со модел што најчесто е за асфалтна употреба. Но, секогаш поважен е духот на натпреварувањето.

Ова е најлудите возила што се појавиле низ пустините на ова рели.

Vespa P200E scooter
Дури четворица го возеле овој модел, низ пустините во Сахара. И верувале или не, двајца од нив Марк Симоно и Бернард Черниавски, во таа 1980 година стигнаа и на целта во главниот град на Сенегал.

 

dakar1
Pit bike
Во 2009 година, токму возачите на Vespa биле инспирација за Иво Кастан кој се обиде да се натпреварува на Дакар со сопствен мотоцикл направен од делови од Honda XL200. Мотоциклот имаше мотор со сила од 145 см3, и 14 инчни тркала, и тежина од 180 кг, заедно со возачот. Но, Кастан не го заврши релито, иако некои етапи не му беа проблем да ги комплетира.

dakar2
Titan
Огромниот Titan е еден од најинтересните експериментални возила што се појавиле на релито Дакар. Детскиот сон на Емилио Радаели, шефот на Audi Sport Italia и на рели ветеранот Микеле Киното се остварува. Моделот имаше твин турбо 3.0 V6 TDI мотор, цевкасто направена шасија. Имаше можност да испорача 650 Нм вртежен момент од 300 КС. За жал Titan се појави само на првата етапа во 2015 година, пред да се откаже поради проблеми со електриката. Беше поправена, но потоа пак се расипа по само 20 км. Овој пат немаше среќа.

dakar3
Renault 4
Браќата Клод и Бернард Маро имаа добра среќа во скромниот Renault 4, и тоа завршувајќи на петтото место на првата трка во 1979 година, особено што тогаш имаше само една конкуренција во која влегуваа сите, и мотоцикли, автомобили и камиони. Но, не беа задоволни со овој резултат, па следната година браќата завршија на третото место.

dakar4
Fiat Campagnola
Во далечната 1979 година, седум возачи се појавија со Fiat Campagnola; и четити од нив стигнаа најдолго, на 30 км. до целта. Чезаре Жиродо и Антонио Кавалери победија на една етапа, и завршија трети во конкуренција на автомобили и седми во генерален пласман.

dakar5
Rolls-Royce Corniche
Во 1981 година Тјери де Монткорже се обложил со свој пријател дека може да се натпреварува на познатото африканско рели со луксузен Rolls-Royce Corniche. Се разбира возилото било подготвено и адаптирано за возење по песок, но и со мини бар во задниот дел. Тјери нараќал специјална шасија што тежела само 80 кг. и додал и 4WD систем позајмен од Toyota Sadly, но бил дисквалификува додека се борел за 13 место поради правење на недозволени преправки.

dakar6
Jules II Proto
Тјери де Монткорже во 1984 година остварил подобра резултат во својот следен обид, враќајќи се на релито Париз – Дакар управувајќи автомобил со 6 тркала, Jules II Proto. Возилото имало 3.5 литарски Chevrolet V8 заедно со трансмисија од Porsche 935. Името на возилото било земено од парфем, од главниот спонзор, Крисијан Диор. По добриот почеток, Тјери морал да се откаже откако шасијата се скршила на третата етапа.

dakar7
Porsche 959
Со над 30.000 победи на трки, Porsche е непобедлив на асфалт, што го потврдија и со триумфот на Леман и СП во трки на издржливост во 2015 година. Но, имаат триумфи надвор од тркачките патеки, па во 1984 година победија на Париз – Дакар со 911SC што сепак беше модифициран и со погон на сите тркала, под името 953.
Вистината е дека успехот беше изненадување за Porsche, па се вратија со три возила во следната 1985 година, и тоа со модели 959 кои беа специјално за оваа намена изработени.
Но, возилата не беа тестирани на пат па поради проблеми не минаа. Потоа се вратија пак во 1986 година, а таа година само 67 возила од вкупно 488 натпреварувачи стигнаа на целта, и тие беа предводени од две возила на Porsche, на првото и второ место, што беше необично за Дакар.

dakar8
Citröen 2CV
Еден од најамбициозните потфати на Дакар беше во 2007 година кога браќата Маркез се тркаа во моделот Citröen 2CV од 1963 година. Џорџ, Филип и Жил Маркез ja засилија шасијата, ј аподобрија суспензијата и во две возила Citroen Visa вметнаа мотори со моќност од 100 КС. За жал, Bi-Bip2 тимот мораше да се откаже на четвртата етапа поради проблеми со суспензијата.

dakar9
Chip van
Сигурно најчудното возило тшто се појавило на Дакар е она на Белгијанецот Харв Диер. Тоа било возило со 200 КС, Toyota пик ап адаптирана за оваа намена. Кога тимот пристигнал во логорот по првата етапа, возачот и совозачот испрќиле 7 кг. помфрит за да има јадење во логорот. На целта стигнале како 58.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK