Volkswagen го менува CC со Arteon

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот луксузен модел во понудата на Volkswagen ќе биде претставен на саемот во Женева в година, а ќе го носи името Arteon.

Тој треба да биде наследник на моделот CC, а ова се првите официјални цртежи за неговиот изглед. Arteon ќе биде позиционира како премиум модел, а според дизајнот ќе ја следи линијата на Sport Cоupe Concept што беше прикажан лани.

Засега Volkswagen не дава повеќе детали за моделот со четири врати, освен дека ќе биде понуден до почетокот на летото, и ќе биде позициониран над Passat. Ќе треба да почекаме за деталите околу изгледот, и како замислите на инженерите ќе бидат преточени во реалноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK