FCA потврдува – доаѓа Maserati Alfieri, новата генерација на Levante и нов SUV

ОБЈАВЕНО НА:

На минатогодишниот настан во Балоко (Италија) каде FCA го презентираше новиот стратешки план, Maserati зазема незначително место на настанот. Сега, по неколку месеци FCA официјално и детално ги потврди и презентираше најавите за развојот на овој бренд во наредните години.

Во годишниот извештај за работењето во 2018 година кој беше објавен од страна на FCA, производителот посветува специјално внимание на италијанскиот бренд Maserati.

Примарна цел кога е во прашање овој бренд е стратешкото репозиционирање на брендот, па така од премиум, Maserati ќе стане луксузен бренд. Во презентацијата се наведуваат и дополнителните инвестиции што FCA ќе ги направи кај овој бренд, а при тоа се презентирани и новите модели.

Така до 2022 година Maserati ќе ги лансира новите генерации на Quattroporte и Ghibli, а особено ќе посвети внимание на новата, втора генерација на Levante која доаѓа со хибридна верзија и 50-50 дистрибуција на тежината.

Најголемо внимание сепак се очекува да предизвика продукциската верзија на Alfieri која ќе го замени GranTurismo како и целосно новиот SUV во D сегментот кој ќе се базира на иста платформа како и најавениот SUV на Alfa Romeo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK