Toyota го покажа својот прв електричен пикап

ОБЈАВЕНО НА:

За време на специјален настан во Тајланд, Toyota го претстави својот прв електричен пикап проект базиран на познатиот Toyota Hilux. Концептот, кој го додава REVO BEV на името на моделот, во моментов е само концепт, а брендот не коментира дали ќе се приклучи на сегментот кој во последно време добива огромна популарност.

За разлика од стандардниот модел, предната решетка на електричната модификација е покриена со пластичен капак за да блокира голем дел од воздухот што влегува под предниот капак. На предниот лев браник има отвор во кој се наоѓа приклучокот за полнење.

Од компанијата не открија ништо за техничките карактеристики на пикапот, но споменаа дека дел од неговиот развој се одвивал во Тајланд. Потсетуваме, компанијата неодамна објави дека развиваат и водородна верзија на Hilux, која ќе позајмува технологии од серискиот Mirai.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK