Toyota и Honda се најголеми конкуренти на Tesla во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот сајт за автомобилизам CarGurus, спроведе истражување во САД на повеќе тематики поврзани со електричните автомобили, а резултатите од истото за некого можеби да се по малку зачудувачки. Но, сепак ако малку подобро се размисли тогаш и вие веројатно би се согласиле со заклучокот.

Не е ништо спорно во тоа дека 52% од испитаниците се изјасниле дека во наредниот период од десет години ќе купат електричен автомобили, а ниту дека во наредните пет години 30% од нив ќе купат.
Она што е зачудувачки е од кој бренд ќе биде истиот. Најголем дел од испитаниците навеле дека тоа ќе биде автомобил од брендот на Tesla, додека на втората и третата позиција се наоѓаат Toyota и Honda.

Токму ова е зачудувачкото ако се знае дека јапонските брендови немаат целосно електричен автомобил во понудата и дека во моментов се фокусирани на хибридни автомобили. Исклучок е Honda која лансираше мал електричен автомобил. Оттука може да се заклучи дека Toyota и Honda се најголемите конкуренти на Tesla на американскиот пазар.

Помеѓу омилените брендови за купување на електрични автомобили, американците ги одбраа и: Ford, Subaru, Chevrolet, Cadillac, Buick, Nissan, BMW и Audi.

Во резултатите од истражувањето спроведено на примерок од 1.097 сопственици на автомобили, се наведува дека најголем фактор за (не)купување на електричен автомобил се бројот на достапни станици за полнење, цената за одржување како и цената на бензинот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK