Електричен Volkswagen го има новиот рекорд на Pikes Peak (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ромaн Дума, кој го вози електричниот прототип Volkswagen I.D. R Pikes Peak успеа да постигне убедлива победа на овогодишното издание на култниот натпревар, откако го подобри рекордот на Себастијан Леб од 2013 година.

Досегашното најдобро постигнување го држеше Леб со неговото Peugeot 208 T16, но сега Дума го подобри времето за цели 16 секунди. Volkswagen I.D. R ја мина Pikes Peak за време од 7:57.148 минути. Оваа патека е долга 19,99 километри, а на неа има 156 свиоци. Неговата средна брзина беше 146 км/ч.

После натпреваот Дума сподели дека можел да го измине ова растојание и побрзо, но облак во горниот дел од патеката ја намалил видливоста. Второто место на годинешното издание на Pikes Peak беше за Италијанецот Симоне Фаџиоли со прототипот Norma M20 SF PKP.

Италијанецот постигна време од 8.37.23 минути, додека на 3. позиција се пласираше Американецот Питер Канингем со Acura TLX GT, кој постигна резултат од 9.27.352 минути.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK