Вистинска ракета: Новиот McLaren 720S забрзува за 2,9 секунди до „стотка“

ОБЈАВЕНО НА:

Откако последните месеци McLaren постојано ги дозираше информациите за нивниот нов модел, супер спортското визило со ознака 720S на саемот во Женева беа објавени и деталите за истиот.

Самото име укажува на голема сила што може да испорача овој четирилитарски твин турбо V 8 агрегат. Максималната сила е 720 КС при 7500 вртежи во минута и макимални 770 нм при 5500 вртежи.
Возилото до 100 км/ч. ќе забрзува за 2,9 секунди, а границата од 200 км/ч. ја постигнува за 7,8 секуни. Ако се уште сакате адреналин, тогаш до 300 км/ч. ќе стигнете за 21,4 секуни. Максималната брзина на автомобилот е 341 км/ч.

Колку што е ефикасен при забрзување, McLaren 720S има добри перформанси и кога треба да сопре. Од 100 до 0 сопира за 2,8 секунди, а ако имате постигнато 200 км/ч. тогаш ќе ви требаат 4,6 секунди.

Новиот McLaren ќе има не само дигитална инструмент табла, туку таа ќе може да се преклопи за да може што помалку елементи да му го одвлекуваат вниманието на возачот. Во случај на преклопување за возачот ќе бидат достапни само основни податоци како број на вртежи на моторот, степен на пренос на брзината, моментната брзина. Покрај новата инструмент табла ќе има и нов обновен кокпит со нов управувач, централна конзола со нов 8 инчен екран за инфо-забавен систем.

Првите испораки на McLaren 720S ќе бидат во мај, со основна цена од 208.600 англиски фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK