Aston Martin Lagonda дебитира во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Долго најавуваниот прв SUV на Aston Martin, моделот Lagonda ќе ја има својата саемска премиера на саемот во Женева следниот месец, а во пресрет на премиерата, производителот објави тизер фотографија.

Како еквивалентен конкурент на Rolls Royce Cullinan, особено на кинескиот пазар, овој SUV ќе изобилува со луксузен и ултра модерен дизајн опремен со електричен мотор со што ова ќе биде и првиот целосно електричен модел во понудата на Aston Martin.

По овој SUV кој во продажба треба да се појави во текот на 2021 година, Aston Martin ќе лансира и седанска изведба со истиот назив, изведба која во продажба ќе се појави година подоцна односно 2022 година.

Инаку називот Lagonda доаѓа од истоимениот седански модел кој во понудата на британскиот производител се наоѓаше во периодот помеѓу 1976 и 1990 година. Овој легендарен автомобил со футуристичка внатрешност под хаубата располагал со 5.3 литарски V8 мотор со што во тоа време бил најмоќниот автомобил на Aston Martin.